Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ од пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата. Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која беше и крајна дестинација.
„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“. Протести кои треба да го докажат гневот на народот за она што се случуваше изминатите месеци и поткупените протести. Ова ќе бид еден од серијата протести против мафијата на Илинденска 2. За нив се има цена. За нас честа моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму, изјави Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика.
Овде во оваа зграда, овде предводени од човекот кој е гласноговорник на Зоран Заев во енергетиката, кога зборува Зоран Заев зборува овој човек кој е тој? Еве го!, рече Мицкоски покажувајќи слика од претседателот Беслимовски.
Овој човек е независниот регулатор. Ова е човекот кој прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, ја кодоши опозицијата, го кодоши сопствениот народ! Овој е човекот кој потпиша зголемување на цената на електрична енергија на 7,5%. Ова е човекот кој брцна во џебот на овој осиромашен народ. Ова е слугата на мафијата. Овој човек има има и презиме и се вика Марко Беслимовски, запаметете го убаво! рече Мицкоски.
Мицкоски упати три барања до власта на протестот против поскапувањето на струјата
„Прво барање – враќање на старата цена на стујатата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач;
Второ барање – викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите;
Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри“, посочи Мицкоски.
Граѓаните за време на протестот извикуваа „Мафија“ и „Оставка“, на протестот беше истакнат транспарент на кој пишува „Скапа струја, сиромашен народ“.