Јавното обвинителство за оранизиран криминал и корупција отворило предистражна постапка за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко поради набавката на четири службени возила меѓу кои и возило марка Ауди А6.
Вкупната вредност на набавените возила изнесува 114 илјади евра, а само Аудито било платено 66 илјади евра. Набавката на овие возила беше во 2018 година, кога општината имаше неподмирен долг од близу 4 милиони евра. Предметот е поднесен од страна на Антикорупциска која бара кривична одговорност од струшкиот градоначалник поради злоупотреба на службената положба.
Од обвинителството велат дека надлежен обвинител презема дејствија во насока на расветлување на случајот.