Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викендот без ДДВ за сите граѓани, најавува премиерот Зоран Заев.
Граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, вели премиерот Заев во интервју за Локално.
-Нема да застанеме на ова, туку ќе продолжиме уште повеќе да помагаме на работници и компаниите. Оваа недела го претставуваме четвртиот пакет антикризни мерки кои во следните три месеци ќе обезбедат директна помош и поддршка за работниците и за стопанството. Ги опфаќаме најсиромашните граѓани, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и поддршката за компаниите, за да даваат плати и да ги задржат работниците. Помошта за платите во најпогодените сектори и за зачувување на работни места ќе продолжи. Дополнително, ќе има стимулативни мерки за враќање отпуштени работници во време на кризата, истакнува премиерот.
Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври | opserver.mk