Треба да се поднесе кривична пријава против секој потписник на плата за луѓето кои со години се вработени а не се ниту распоредени на некое работно место ниту пак извршуваат било какви работни задачи и не се појавиле во институцијата од која добиваат плата, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.
Според неа, потписникот треба да ги надомести до сега исплатените пари со затезна камата од денот на првата исплата.
„Не ме интересира ни премиер ни министер ни претседател ни Собрание. Има некој кој става потпис за некому да се исплати плата.Тој некој треба да биде кривично гонет и казнет.Нема тука политичка воља (не волја како кретенското решение на новокомпонираната граматика). Има право кое треба да се спроведе, напиша Најчевска на социјалната мрежа фејсбук.