Од 27-ми септември Македонија забележува нагол пораст на регистрирани и заболени од ковид-19, но и на хоспитализирани лица, вели проф. д-р Драган Даниловски, во вечерашното издание на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Според професорот Даниловски многу е поважно да се следи бројот на хоспитализираните, отколку бројот на позитивните лица. Исто така како релевантен параметар, се следи и бројот на починатите лица.
„Од 27-ми септември Македонија забележува нагол пораст на регистрирани на заболени од КОВИД-19, но и на хоспитализирани. Бројот на хоспитализираните, а не бројот на позитивните кои што се утврдуваат е по релевантен, веродостоен показател за динамиката на епидемијата. Исто така параметар се и бројот на починатите. Бројот на починатите во последниве недели на некој начин имаше блага тенденција на опаѓање, мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека имаме веќе и зголемување на бројот и на починатите“, истакна Даниловски.
Даниловски смета дена е глупаво да се носи маска на отворено.
-Видете, ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој, истакна професорот Даниловски.