Екипата на ГФК „Охрид Лихнидос“ ја однесе победата со 1-0 против екипата на „Вардар Форино“ во рамките на 6-то коло во Втората мдонска фудбалска лига-запад.
Домашните фудбалери дојдоа во водство уште во 18 тата минута од натпреварот со голот на Оливер Дишлиески и ја контролираа играта во продолжението на натпреварот.
Охриѓани до сега имаа скор од две победи три нерешени и еден пораз .
Натпреварот се одигра пред празни трибини, согласно препораките на Владата за справување со Корона вирусот.