Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-кофенренција во Владата ги изнесе за јавноста новодонесените мерки против сузбивањето на коронавирусот, а тоа се семејните прослави и собири, односно забави во домашни услови.
-Се забрануваат семејни прослави, собири, слави и дурги собири во групи. Домаќините ќе може да примат во својот дом до четири лица. Бидејќи анализите покажуваат дека најмногу заразени се токму од ваков тип на собири- рече Филипче.
Со оваа нова мерка ќе се избгне забавите од кафулињата да се префрлат во домашни услови.
-Се забрануваат групирања на јавен простор после 22 часот на повеќе од четири лица, собири во паркови, бензински пумпи, се воведува задолжително носење маски- рече Филипче.