фб статусот на Лазе Танески интегрално ви го пренесуваме:
Почитувани пријатели,Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни. Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.Се гледаме наскоро