Владата подготвува терен за приватизација на Македонска Пошта

Освен „Македонскa поштa“ можно е приватизирање на Еурокомпозит, ТЕЦ Неготино, Македонски железници – Транспорт, но и други претпријатија, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години – рече Заев.

Во однос на приватизацијата на Пошта, рече дека државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги.