Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од: Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-1, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.