Од 13-тата седница на Владата:
✅ Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот;
✅ Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми;
✅ Државната и јавната администрација ќе работи во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите;
✅ Предложени законски измени за надминување на проблемот во научните институти;
✅ Сашо Тасевски е именуван за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.