Вчеравечер околу 21 часот полиција прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново, пишува Слободен печат.
Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.
Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.