Денеска Охрид на свој терен го дочекува составот на Лабуништа Тетово

Иако амбициите беа нешто поголеми, сепак по 8.коло екипата на Охрид се наоѓа во долниот дек на табелата во ВМФЛ – Запад.

Момците на тренерот Бочески добро почнаа, но во последните некоклку кола дојдоа поразите и сега тимот на се наоѓа на седмото место со 9 бодови.

Денеска Охрид на свој терен го дочекува составот на Лабуништа Тетово, тоа ќе биде и дерби на дното, и ете шанса бодовниот скор да се поправи.

Лидерот Гостивар во денешното 9.коло гостува во Кадино, нема да им биде лесно на гостиварци иако се фаворити. Скопје игра дома против солидниот тим на Кораби, додека Велазерими го пречекува составот на Дрита. И во последниот меч Вардар Форино е домаќин на Велешта.

СКОПЈЕ – КОРАБИ

ВЕЛАЗЕРИМИ – ДРИТА

ВАРДАР (Ф) – ВЕЛЕШТА

КАДИНО – ГОСТИВАР

ОХРИД – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО

ТАБЕЛА

1.ГОСТИВАР 20

2.ВЕЛЕШТА 15

3.СКОПЈЕ 15

4.КОРАБИ 14

5.ВЕЛАЗЕРИМИ 10

6.КАДИНО 9

7.ОХРИД 9

8.ВАРДАР (Ф) 8

9.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 6

10.ДРИТА 4