Зоран Милески Кичеец денеска влезе во Казнено поправниот дом Струга за отслужување на правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет”.
Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ потврди дека Зоран Милески е примен во струшкиот затвор и оти сам се пријавил во извршување на затворската казна.
Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет” за примање награда за противзаконито влијание.