Заврши акцијата за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум, само од дивите кампери собрани стотина вреќи отпад
Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” завршија со акцијата која изминативе 15 дена ја спроведоа за расчистување на расфрланот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Денес се собираше отпад од последната етапа кај село Љубаништа, до манастирскиот комплекс Свети Наум…

