Турција од денес воведува дополнителна мерка против коронавирусот. Пушењето на отворено е забрането во сите 81 област на земјата – на улици, паркови, плоштади, градини и спортски терени. Наредбата дојде од турското Министерство за внатрешни работи, објави „ОН ЕР“.
Министерството соопшти дека поради тоа што пушачите ги вадат маските од лицето додека пушат е спротивно на правилна употреба на маските како средство против ширењето на КОВИД-19. Со ова се наложи воведување на забрана за пушење на отворено.
Забраната за пушење во затворени простории во земјата, воведена пред извесно време, исто така останува во сила.
До денес, има над 46.000 активни случаи на КОВИД-19 во Турција. Повеќе од 3.000 од нив се во критична состојба. Вчера земјата објави уште 87 смртни случаи од опасната инфекција и 2.529 нови случаи.