На ден 12.11.2020 година во Охрид АОПЗ продолжи со кампањата за промоција на истражувањето кое беше спроведено во рамки на ЕУ проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„.Посетата на Охрид се реализираше во согласно сите протоколи за заштита од COVID 19.
Делегацијата на АОПЗ ја предвдеше заменик директорот Г-дин Џелал Хоџиќ во придружба на вработени од Агенцијата како и локален претставник на проектот.
Најпрвин беше остварена средба со Секретарот на општина Охрид, Г-дин Игор Бежовски и Претседателката на Советот на општина Охрид, Г-ѓа Живка Ангелоска, во општинската зграда.
Заменик-директорот го информираше за сите активности и постигнувања на Агенцијата во измнинатиот период, а посебно се осврна на активностите кои беа реализирани во рамки на горенаведениот проект. Исто так,а во кратки црти го запозна соговорниците со истражувањето во кое покрај останатите учествуваа и граѓаните на Охрид од заедницита на Египќаните и заедницата на Турците.
Делегацијата на АОПЗ реализираше средба со претставници на граѓанските организации од Охрид.
Орхан Демироски и Аднан Ашикоски, активисти за правата на Египќаните, како и Неџип Ајдар и Џанер Мегсин, активисти за правата на Турците.
Г-динот Хоџиќ се заблагодари на преставниците на граѓанските организации за нивното присуство на состанокот и ги информираше за досегашните активности на Агенцијата, им ги претстави наодите на истражувањето “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, а исто така ги информираше дека од оваа година Агенцијата за прв пат започна финансиски да ги подржува проектните активности на организациите кои работат на полето на унапредување на правата на заедниците во РСМ и изрази надеж дека во наредниот период финансиската подршка на граѓанските организации ќе биде многу поголема.
Преставниците на општина Охрид и активистите беа поканети да ја посетат Агенцијата во секое време, а Хоџиќ изрази подготвеност за соработка и развој на заеднички проектни активности, се со цел унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во РСМ.