Турскиот претседател најави дека владата на таа земја ќе воведе построги мерки за спречување на ширење на коронавирус и делумно затворање на земјата за време на викендите.
Според турскиот портал Хуријет, тоа може да значи дека за време на викендите на граѓаните ќе им биде дозволено слободно движење само од 10 часот наутро до 20 часот навечер.
По владината седница, Ердоган рече дека училиштата ќе останат затворени до крајот на годината, а рестораните само ќе доставуваат храна, пренесува Ројтерс.