Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со сегашниот претседател Доналд Трамп. Во првото интервју по изборите што го даде за американската телевизија Ен-Би-Си, Бајден зборуваше за процесот на трансфер на власта и за другите проблеми со кои ќе се соочи за време на неговиот мандат.
Со оглед на тоа што администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп го иницираше процесот на пренесување на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден посочи дека неговиот тим се обидува да го информира новиот американски претседател за сите настани.
– Администрацијата веќе почнува да подготвува дневни извештаи што ќе ги примам како претседател. Исто така, договараме состанок со тимот на Ковид во Белата куќа, со цел да се договориме за условите во врска со дистрибуцијата на вакцината, што треба да им биде достапно на сите луѓе – рече Бајден. Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како Обама.
– Се соочуваме со сосема поинаков свет отколку што беше во администрацијата на Обама. „Претседателот Трамп целосно го смени образот на државата и ќе мора да го смениме тоа“, рече Бајден.