Првата жртва на британската мутација во С.Македонија е Охриѓанец 46 годишен маж кој имал и претходни хронични заболувања и починал на 8 јануари.
Вчера во генетската лабораторија во Клиниката Жан Митрев во примероците откриле дека кај веќе починатиот и уште кај еден пациент кој веќе е на домашно лекување го имаат заразниот сој а истиот тим пред неколку дена објави и за првиот случај во Македонија кај кого беше потврден мутираниот вирус а кој имал позитивен тест на Ковид 19 уште во декември минатата година. Ниеден од тројцата мажи не патувале во странство.
-Сите контакти се локални во рамките на нивнтоо движење, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Колку во земјата е проширена британската мутација ќе проверуваат во лабораторијата на МАНУ. Веќе земаат примероци од кластерот на Нефрологија каде бројот на заразени се искачи на 29 а заразени има и меѓу пациентите кои одат на дијализа. Здравствените власти велат дека вирусот на клиниката најверојатно е донесен од надвор и засега нема потреба од посебни мерки во оваа установа која од вчера веќе не е ковид центар. Министерот за здравство не ја исклучува можноста да дојде до влошување на состојбата поради британскиот сој и затоа повика на внимателност.
-Можно е оваа мутација да е присутна во последните неколку недели кога имавме една права линија на бројот на новозаразени, но сепак нема влошување на епидемиолошката состојба. Меѓутоа, се уште не е исклучена можноста од тоа и затоа мора да бидеме внимателни и сите мерки остануваат на сила како и досега, вели Филипче.