ОТВОРЕНО ПИСМО; ЛЕГИТИМНО ПРАВО Е, ЕГИПКАНИТЕ ДА БАРААТ ДА БИДАТ СПОМНАТИ ВО УСТАВНАТА ПРЕАМБУЛА

Од осамостојувањето на Македонија па се до ден денес, Египканите имале една легитимна цел и легитимно барање , а тоа било да бидат спомнати во Уставната Преамбула, а не да бидат позиционирани во категоријата ,,и други,,. Иако, Преамбулата на Уставот има декларативен карактер, времето во период од 30 години, го покажа обратниот ефект, како извор на Дискриминација. Ако, Бугарите во Македонија бараат да бидат спомнати во Уставната Преамбула, заедно со нив , треба да бидат спомнати и Египканите, Црногорците , Хрватите, Русите.

Очекувањата на Египканите, по однос на ова прашање се силна и недвосмислена подршка од пратениците од Охрид , Д-р Пецаков Кирил, Лазе Танески, Лидија Петкоска и Жаклина Лазареска, како преставници на Охригани во Законодавниот дом

На тој начин ке може да се ефектуира начелото на рамноправност и еднаквост, истакна диплправник Демир Далип, активист за човековите права и слободи на Египканите.