Поради изведување на градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, на улицата „15-ти Корпус“, на потегот пред градските гробишта на 01.04.2021 година (четврток) ќе има отежнат тек на целиот сообраќај, а можни се и повремени застои.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.