Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата дражава.
– Јас мислам дека ќе имаме странски гости сезонава. Што се однесува до нашите домашни капацитети ние веќе при крајот на овој месец ќе го објавиме јавниот повик за поттикнување на домашен туризам кој веќе две години го реализираме како Министерство за економија. Дополнително на тоа ја разгледуваме можностата да ги вклучиме и туристичките агенции да можат да издаваат одредени ваучери кои ги издава Министерството за економија или пак да бидат посредници за нашите граѓани и за нашите туристички објекти и на таков начин директно да им помогнеме. Дополнително на тоа работиме со стопанските комори за одредена промоција на нашата држава која ќе почне при почетокот на мај, значи во тие одредени држави каде што ние и претходно или традиционално сме имале странски туристи, но и таму каде што анализите ни покажуваат дека има потенцијал за да поттикнеме странски туристи, истакна Бектеши.
Министерот за економија во однос на ваучерите за туризам, кои беа споменати, посочи дека нивната вредност ќе биде уште поголема.
– Вредноста ќе биде уште поголема, а дополнително на тоа ќе биде за сите тие вработени со ниски приходи. Ако има потреба секако дека сумата ќе се зголеми, но истовремено и граѓаните опфатени во програмата ќе бидат зголемени, рече Бектеши.