Спортската сала „Билјанини Извори“од Охрид ќе биде регионален центар за вакцинација за општините: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.
Деновиве ќе се изврши и дезинфекција на објект, влезовите и паркинг-просторот пред салата.
Во понеделник треба да пристигнат и параваните за физичко одвојување на лицата при вакцинацијата, а ЈП „Билјанини извори“ нарача и нов агрегат за електрична енергија. Од Центарот за јавно здравје во Охрид соопштија дека веќе е пристигната и комората за чување на вакцините.