БАКРАЧЕСКИ НА САМОХРАНИТЕ МАЈКИ И СИТЕ ЖЕНИ ИМ ГО ЧЕСТИТА 8-МИ МАРТ

Со  низа  активности општина Охрид и годинава  го одбележа   Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март. Утрово градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на волонтерите од Црвен Крст  на 60 –ина самохрани  мајки корисници на социјална помош им го честита  празникот  подарувајќи им цвеќе и пакети со средства за лична хигиена.

– Им го честитам денот на сите жени и мајки, им посакувам многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата. Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања од сите области во кои локалната има ингеренции и се она што сите нас не засега, изјави градоначалникот Бакрачески.

Меѓународниот ден  на жената, Градоначалникот Бакрачески  им го честита и на жените претприемачи  и  жените со  успешни кариери  во Охрид како и  на припадничките од понежниот пол  со посебни потреби и инвалиди на трудот.