После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта. Средствата за овој зафат ги издвоивме од буџетот на општина Охрид.
Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот.
Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.
ФБ профил Константин Георгиески