По кој знае кој пат ОК на ВМРО ДПМНЕ повторно ги меша лончињата и бега од директни одговори.
На моите критики и отворени коментари за вчерашниот настан на кој ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско насилничко лице а пратеници од Охрид Кирил Пецаков, Лидија Петковска и Александар Николоски застанаа цврсто против интересите на граѓаните и зад насилството, тие со дефокус теми сакаат да избегаат од одговорот: Го поддржуваат ли јасно насилството од 27 април и стои ли нивната партија зад тој чин?
Треба еднаш гласно и јасно да кажат да знае народот на што е.
Но со вчерашното појавување на нивниот лидер Христијан Мицковски на протестот и барањата што во негово присуство беа кажани индиректно покажаа дека го поддржуваат насилството и сакаат безредија само да се спасат од одговорност некои за нив добро познати ликови кои тој 27 април беа подготвени да убиваат и да се воведе вонредна состојба во земјата. .
За прашањата кои во својата реакција бараат одговор јас как пратеникот и претседател на СДСМ Лазе Таневски во повеќе наврати сум говорел и за разлика од нив јасно и гласно сум се произнесол.
За дел од прашањата за кои бараат одговори и некои нешта кои не се реализирани вината е и во пратениците од нивните редови.
Видејќи, кога треба да се носат законите важни за граѓаните Пецаков, Петковска и Николоски блокираат, кочат, го напуштаат Собранието.
Така најлесно е да се бараат само виновни и да се бега од одговорност.
Пратеник Лазе Таневски Претседател на ОО на СДСМ – Охрид