Градоначалникот Константин денес донираше 100 пакети на ИВЗ за Рамазан

📦Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските празници, Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.

☑️Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради псндемијата со корона вирусот.

🤝Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство. Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град.

Фб. ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ