Упатувам апел до жителите на Охрид и сите посетители кои во текот на празничниот викенд туристички ќе престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од Корона вирусот-Ковид 19.

Да се носат заштитни маски

Да се одржува потребна дистанца при посета на храмовите

Да се одржува лична хигиена според препораките

Да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања.

Да празнуваме одговорно, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.





