Во пресрет на првомајските а воедно и велигденските празници олабавените мерки ги мотивираа граѓаните да ги напуштат своите домови и празниците да ги поминат во Охрид. Зголеменото присуство на туристи се чувствува низ цел град. Паркинг места преполни, шетачи низ шеталиштето и чаршијата ,а кафулињата исто преполни. Сепак се забележува дисциплината кај туристите кои ретко се среќаваат без маска .
По оваа бркотница од туристи, СВР -Охрид покрај своето редовно работење, од денеска ангажира и велосипедска полициска патрола која се забележува околу центарот на градот.
–Предвидено е, патролата активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот. По проектна иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе во јули 2008 година, со претходна професионална обука за посебните техники на полициско велосипедско патролирање, – стои во соопштението на СВР Охрид.