ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

По повод најголемиот православен христијански празник Воскресение Христово- Велигден, градоначалникот Константин Георгиески упати празнична честитка.

– Нека ни биде честит и вековит најголемиот православен празник Воскресение Христово- Велигден. Празнувањето да го поминеме во радост и среќа со нашите најблиски и да покажеме дека  со заедничка вера, љубов и надеж, можеме да се справиме со сите искушенија.

Во празничните денови во кои го славиме Христовото воскресение, нашите молитви нека бидат посветени за мир, здравје и напредок,заедништво, солидарност и  вистинско почитување и уважување. Славејќи ја победата на животот над смртта, да ја поделиме радоста со најблиските, пријателите и слабите на кои им треба помош, а нашите мисли да ги насочиме кон напорите за благосостојбата на секој човек.

Да си посакаме среќа, здравје и сила  за да ја надминеме оваа здраствена криза, да бидеме одговорни и да ги почитуваме новонаметнатите правила, зошто само така брзо можеме да се вратиме во нормалното живеење и да му се радуваме на животот –  се вели во велигденската честитка на градоначалникот Константин Георгиески.