Полицискиот час во С. Македонија да трае од 23 часот до 5 часот наредниот ден, а времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, ѝ предлага на Владата, Главниот координативен кризен штаб. Предлогот е направен врз основа на предлозите на Министерството за здравство.
Предлог-мерките на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).
Во земјата почнува да се намалува притисокот врз болниците, а целосно менување на епидемиолошката состојба се очекува до почетокот на летото, кога би требало да има висок процент на имунизирано население