ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД ПЛАЖАТА „САРАИШТЕ“

Општина Охрид,  упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат  од брегот кај плажата  „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата  која  се очекува  годинава да е посетена од  охриѓани и   туристи од земјава и соседството.

Плажата „Сараиште“  привлекува бројни посетители и капачи  пред се жители од старото градско јадро,  но и  охриѓани од останатите охридски  населби.