Уште само две кола до крајот од Втората лига – Запад, а борбата за второто место и баражот за Прват лига се разгорува. Охрид, Велешта и Гостивар ќе ја водат борбата за баражот кој можеби ќе ги однесе и во Првата Македонска лига. Охрид е втор со 43 бода исто толку има и третопласираната Велешта ( Охрид има подобра гол разлика и подобар меѓусебен скор ) , додека Гостивар со 42 бодови се наоѓа на четвртата позиција.
На претпоследното коло Охрид на домашен терен игра против Кадино кој веќе го осигура опстанокот во втората лига Запад . Натпреварот помеѓу Охрид и Кадино ќе го суди Фуркан Идризи.
Останатите екипи кои се борат за баражот : Гостивар игра против Скопје кој веќе обезбеди влез во првата лига и Велешта игра против Влазерими кој исто така има обезбеден опстанок.
Претседателот на клубот Лупчо Грданоски даде своја оценката за постигнатите резултати до сега .
– Тој истакна дека е задоволен од работата на тимот.
– Јас сум целосно задоволен од оваа сезона, имавме одлични изданија, со исклучок на неколку натпревари.
Нашата цел е да го вратиме фудбалот во Охрид таму каде што припаѓа во Првата Македонска фудбалска лига .
Од тоа не делат само 3 натпревари од кои два натпревари во Втората Македонска лига Запад кои морат да ги победиме а потоа следува баражот за влез во првата лига кој ке се игра на неутрален терен.
Капитенот на Охрид Ромео Кочоски :
Покажавме карактер дека можеме да се носиме со секого , победата против Велешта за нас беше многу важна, тој натпревар ни беше од голема важност и самите играчи го знаевме тоа.
Никогаш не се предаваме и секогаш излегувавме цврсто на терен, така ќе биде и за овие последни два натпревари кои не делат од од баражот за влез во првата лига .
НАТПРЕВАРОТ ГФК ОХРИД – КАДИНО СЕ ИГРА НА 8 МАЈ 2021 – ВО САБОТА СО ПОЧЕТОК ВО 16:00 часот