ГРЦИЈА ДОЗВОЛУВА ВЛЕЗ НА (ВАКЦИНИРАНИ) ТУРИСТИ

Грчкиот премиер , во интервју на конференцијата на „Фајненшл Тајмс“ потврди – Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани со руската и кинеската вакцина.

Спротивно на ставовите на Европската Комисија за конкретните вакцини, Мицотакис сепак смета дека тие остануваат на нивната став да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи и од Русија.

Тој кажува дека Русија е важен пазар за нив. – “Од податоците што ги имаме на располагање сметаме дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. Секако, не е одобрена од ЕМА, затоа и не ја користиме вакцината, во целосна согласност со европските регулативи во врска со набавките, но јас не гледам никаков проблем, во Грција да примиме туристи кои биле вакцинирани со вакцината Спутник” – објасни грчкиот премиер.

Исто така тој истакна дека намерата е туризмот да биде безбедно отворен, што значи дека „ако некој сака да патува во Грција без да биде потребен карантин ќе треба, на грчките власти да им покаже сертификат за вакцинација, потврда дека ја прележал болеста или негативен ПЦР или антиген тест“.

-Очекуваме да ги пречекаме туристите од 15 мај, веќе ги отворивме угостителските објекти и малопродажбата, па така првите посетители кои од 15 мај ќе дојдат во Грција, ќе посетат земја во која економските и општествените активности веќе се вратени во нормала, – додава грчкиот премиер.