Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” Охрид, на 08/05/2021 година во 12.00 часот, во Охрид спроведе jавната расправа на тема: „Зајакнување на локалното младинско учество и застапеноста на младинските прашања, во програмите на политичките партии за локалните избори во 2021 година”, организирана во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.
Како дел од јавната расправа, за младинското учество и политики, нивното значење и потребата и локалните практики и политики за негово унапредување во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, ќе зборуваат: Константин Георгиоски, Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, пратеник во собранието на Република Северна Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Суарта Амети од општинската организација на Демократската унија за интеграција, Елена Ристеска, дипломиран политиколог, Никола Ѓоршоски, доктор по политички науки и Илхан Рахман, заменик министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, при Владата на Република Северна Македонијa. Модератор на настанот беше Вахид Мемед од Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” Охрид.
Никола Ѓоршоски, доктор по политички науки, ја објаснi важноста на партиципативната демократија, додавајќи дека граѓанското присуство во процесите на донесување одлуки и нивното едуцирање за политичката култура, е од клучно значење за едно здраво и развојно ориентирано општество.
"Има еден значаен момент, кога сите сите учесници во политичкиот живот, од различни идеологии, синдикати, политички партии итн., се демократи. Демократијата треба да бидее власт на народот", истакна тој.
Елена Ристеска, млад дипломиран политиколог, вели дека интересот за политиките меѓу младите како и разговорите за политички теми е опаднат. Таа заклучува дека младинската политичка вклулченост во носењето локални одлуки треба да биде зајкната и дека младите треба да придонесат кон изнаоѓање на локални решенија и алтернативи за локалните (младински) проблеми.
“Искрено се надевам дека младинските интереси овој пат ќе бидат пред партиските и политичките интереси и ќе се создаде една позитивна клима за работа, со цел унапредување на општественото живеење за унапредување на градот Охрид како град пријател на младите”, сподели таа.
Заменикот министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Илхан Рахман, наведе дека за него борбата за унапредување на квалитетот на живот на сите е поврзана и со младинскиот активизам. Младите од сите заеници треба заеднички да се вклучат во локалните совети на млади, во политичките партии и организации и да придонесат кон подобрување на квалитетот на живот на сите.
"Тоа може да се постигне и преку стратегијата на владата на Република Северна Македонија за едно општество општество за сите, во која младите треба да ја играат една од клучните улоги", потенцираше Рахман, кој на неговите 34 години е и генерален секретар на партијата за движење на Турците.
Претседателката на советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, сподели до каде е Општина Охрид со имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, нагласувајќи дека е започнат процесот за формирање на Локален младински совет со чија помош пак заеднички понатаму во најсорка иднина ќе работат на спроведувње на останатите законски одредби.
"Не можеме да зборуваме за просперитетна држава и локална заедница, доколку немаме вклученост на младите во општествениот и во политичкиот живот, како и во процесите на донесување одлуки", сподели Ангелоска.
Во продолжение на настанот, Суарта Амети како дел од Демократската Унија за интеграција и успешна млада жена, го сподели своето искуство и работа во полето на младинските прашања и ја истакна потребата од континуирано следење на работата на политичките où на народните претставници, од j0страна на младите луѓе како и заложбите на нејзината партија за унапредување на застапеноста на младинските прашања во нивната работа .
"Како претставник на партијата, учествував на многу обуки, а за мене, остварување нсонот беше посетата на Белата куќа во Вашингтон преку развојната програма на американската амбасада и Советот на Европа. Ви порачувам и ве повикувам на активно вклучување на процесите важни за вас и никогаш да не се откажувате од вашите соништа". ги охрабри Амети
Кирил Пецаков, кој своевремено беше најмлад советник во историјата на Советот на општина Охрид, а кој во моментов е пратеник во собранието на Република Северна Македонија, член на клубот на млади пратеници и дел од највисокото партиско раководство на ВМРО – ДПМНЕ, го сподели своето искуство во развој на младински политики во Охрид долги години наназад, и посветеноста на неговата партија на младинските прашања, вкчучувајќи се низ различни процеси, преку искуство со формирањето на локалните младински акциони планови во 2010 година, Национална стратегија за млади, па до сегашниот Зкон за младинско учество и младински политики.
“ВМРО – ДПМНЕ ги поттикнува младите да се вклучат во структурите на партијата, за за тој факт најдобро говорат и податоците, според кои просекот на возраст на претседатели на општински комитети во петтата изборна единица, изнесува 35 години”. истакна Пецаков.
По излагањето на говорниците, со присутните кој во најголем број беа млади и претставници на општина Охрид, се отвори дискусија на која младите изразија задоволство од посветување на поголемо внимание од страна на локалните политичари и ја истакнаа потребата од понатамошно и континуирано спроведување на законските одредби за унапредување на младинското учество и политики во Охрид истовремено нудејќи помош во процесите низ кои може да се постигне посакуваниот напредок во политичкото адресирање на младинските прашања.