23 ГОДИШНА ДЕВОЈКА, ПО ГРЕШКА ПРИМАЛА 6 ДОЗИ ФАЈЗЕР ВАКЦИНА

23-годишна девојка од Италија била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ. Девојката сега е во стабилна состојба откако во болница јцело време ја држеле со инфузии.

Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози, иако претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови.

Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел.