ВО ШПАНСКАТА ЛА ЛИГА, МРТВА ТРКА ПО ТИТУЛАТА

Во Италија и Германија е веќе е јасно дека Интер и Баерн ги осигураа шампионските трофеи, додека во Англија многу малку му недостасува тоа да го стори на тимот на Манчестер Сити.  Затоа во Шпанија во последните три кола четири тима ќе водат жестока битка за 1.место Откако Барселона и Атлетико Мадрид во дербито на „Камп Ноу“ одиграа без голови 0:0, нерешено, односно без победник заврши и дуелот во Мадрид каде Реал ја пречека екипата на Севилја.  

Гостите беа и многу блиску до победа бидејќи со головите на Фернандо во 22-та и Ракитиќ во 78.минута на два пати имаа предност. Откако Асенсио прво го израмни резултатот на 1:1, Реал се спаси од пораз во завршните мигови од мечот, односно четвртата минута од судиското дополнение кога веќе отпишаниот од Реал, Азар се најде на вистинското место и го постигна вториот гол за „Кралевите“ поставувајќи ги конечните 2:2.  Така и по оваа рунда во Ла Лига, а на три кола до крајот на првенството, овие четири тима остануваат во трка за шампинската титула.  Во „пол-позиција“ е Атлетико кој има 77 бодови, два повеќе од Реал и Барселона, додека Севилја која не на 4-тото место заостанува шест бодови зад водечкиот тим.  Веќе од утре ќе се играат натпреварите од 35.коло во кое Барселона и Реал гостуваат кај Леванте и Гранада, а Атлетико и Севилја ги пречекуваат Сосиедад и Валенсија.