ЗАВРШИ ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

На денешната седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид делегатите го изгласаа  Деловникот за работа на локалното собрание на млади на општина Охрид и согласно своите надлежности извршија избор на членови на Локалниот совет на млади на општина Охрид. За членови на локалниот совет на млади со тајно гласање беа избрани следните кандидати:

  • Јован Цветкоски
  • Теа Петковски
  • Георги Ставрески
  • Верица Тодоровска
  • Александар Здравевски
  • Емилија Несторовска
  • Димитар Поп-Стефанија

Одлуката за избор ќе стане правосилна по нејзината верификација од страна на Советот на општина Охрид.

ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА ЛСМ