Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
– На сите граѓани од исламска вероисповед и на раководството на Исламската верска заедница им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам кој се одбележува по светиот месец на постот со желба да го минат во добро здравје, радост, љубов и хармонија во семејството.
Во ова време кога човештвото се соочува со големата борба против пандемијата предизвикана од корона вирусот посакувам да покажете трпение и празничните денови да ги минете со почитување на пропишаните протоколи и мерки за заштита.
Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на толеранцијата, слогата, и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.
Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.