Скопје, 14.04.2021 година Владата секогаш е отворена за дијалог и во рамки на Економско-социјалниот дијалог се отвараат прашања и заеднички се носат одлуки. Владата во изминатата година уште од првиот пакет мерки за поддршка на економијата за справување со последиците од пандемијата, како најголем приоритет го имаше зачувување на работните места, а мерките кои беа донесени беа во таа насока, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во Топ Тема на Телма телевизија.
Министерот потенцираше дека Буџетот е ликвиден има средства да се да се реалзиираат најавените мерки, би имало и за дополнителни мерки ако е потребно.
“Да ги немавме овие мерки од првите четири сета минатата година од 860 милиони евра директна поддршка, ќе имавме пад на БДП од 8,7%. Замислете тогаш колку изгубени работни места ќе имавме и колку компании ќе ги изгубеа нивните пазри и ќе беа затворени. Оваа година имаме зголемување на приходите во буџетот по секоја ставка што се однесува до даноци, данок на личен доход, ддв и слично и тоа покажува дека Буџетот ќе биде ликвиден и ќе може да ги заврши обврските“ кажа министерот.
Во однос на минималната плата министерот кажа дека во последните четири години таа е историски зголемена.
“Ние имаме законско решение за минимална плата и да не заборавиме дека токму овој состав на Владата историски ја зголеми минималната плата од 9.000 денари на 15.200 денари согласно новото покачување, и така ќе продолжиме и понатаму, бидејќи планот е до крај на мандатот таа да порасне до 18 илјади денари“ кажа Бектеши.
Во однос на најавениот протест на синдикатите за непочитување на законите од страна на работодавачите министерот потенцираше дека Владата ги превзема сите мерки за заштита на работниците посебно кај реализацијата на ковид мерките.
“Ние како Влада ги објавивме сите коомпании кои добиле финансискса поддршка за исплата на плати и не ги исплатиле на работниците, а беа поднесени и кривични пријави до нив. Овие компании неможат да аплицираат за другите мерки на Владата, а за нивните вработени ние како Влада ке ги превземеме и ќе им помогнеме“ кажа министерот.
Најави дека доколку продолжи пандемијата и понатаму ќе се носат мерки за најпогодените сектори.
“Неколку пати до сега најавивме дека доколку има целосно затварање на одредена дејност по предлог на Комисијата за заразни болести ние континуирано ќе креираме мерки за таа дејност и веќе креираме мерки за угостителството бидејќи две недели се затворени по одлука на Владата. Наредната недела ќе биде објавена оваа мерка и ќе почне веднаш да се реализира, кажа Бектеши.