Лазаревска на своја совест носи бројни уништени човечки судбини во образованието

Почитувани,
За СДСМ и Жаклина Лазаревска партиските интереси и предизборните калкулации отсекогаш биле пред интересите на граѓаните и квалитетно образование.
Лазаревска беше главен кадровик за бркање наставници и нови партиски вработувања.
Крајно злобно и бесчувствително без работа остави над 50 вработени во образованието, меѓу кои имаше и бремени жени, а сега дрско и срамно зборува за правна и економска сигурност за наставниците.
Лазаревска ако навистина се грижеше за наставниците зошто тогаш не се залагаше за трансформација на работниот однос на оние наставници кои ги избрка за сметка на партиските војници?
Ако Власта и Лазаревска имаат толку искрена намера тогаш веднаш нека ги вратат сите наставници кои ги избркаа!
Со СДСМ и Лазаревска никогаш нема да има комплетна департизација на образованието.