Што се крие зад лицата кои стојат зад ОХРИД ПРЕД СЕ ? !

Вечерва во Охрид се отвори канцеларијата на т.н. иницијатива за политичка листа ОХРИД ПРЕД СЕ.
На отворањето на канцеларијата видливо е дека со приватни возила и едно комбе се донесени десeтици луѓе од Дебрца, а комбето со кое се транспортирани стои попречено пред канцеларијата.


Инаку зад оваа иницијатива стојат неколку политички фамилии од СДСМ Охрид, кои со децении се прикопачни на т.н. „државната цицка“ од Општина Охрид која скоро 25 години ја доживуваат како „крава за молзење“ и сакаат цел живот да се на функција .


Тие се незадоволни од нешто но, не се знае од што бидејќи низ децениите наназад сите се вработија во државна администрација , ги вработија своите семејства деца, роднини, а создадоа и големи бизниси .


Некои од нив се и со полициски досијеа, прикривани се кривични дела нивни и на членови на нивнтие фамилии ( за овие ке пишуваме наскоро ), а има и такви за кои постојано се шпекулира и се зборува во чаршијата дека постоеле и снимки кои биле снимани во време на парламентарните избори 2020 година зеле 20.000 евра во кеш за да обезбедат гласови во Дебрца и Охрид ( од Дебрчани кои тука живеат ) за некоја си партија која подоцна не била задоволна од резултатот , па стои отворено прашањето каде заминале овие пари дадени во торбуле.

И на крај да напоменеме дека на отворањето возилата со кои беа донесени луѓето од Дебарца беа непрописно паркирани, блокирана беше автобуската постојка и никој од присутните на почитуваше мерки за заштита од Ковид 19