ОТВОРЕНО ПИСМО:ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД, СЕ КЛУЧНИОТ ФАКТОР ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИК И МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТ

Египканите во Охрид, се втора по големина етничка заедница, веднаш зад доминантниот Македонски народ. Аналогно на тоа, тие се и клучниот фактор, за да се добие и Градоначалничката фотеља и мнозинството во Советот. Зошто го нотирам овој факт?Од причина што и покрај огромната лојалност на Египканите кон државата и институциите на системот, истите се уште не се соодветно интегрирани во институциите на системот.

Опстојувањето на ова етничка заедница, е благодарение на Здруженијата и активстите за правата и слободите на Египканите. И, тоа трае премногу долго. Многу млади ја напуштија државата, бидејки се ,,уморија,,да се вработат во согласност со нивната стручна подрготовка, а имаме високообразован кадар, кој дипломирале на државните универзитети.

Со Египканите и нивните легитимни преставници, треба да се разговара и пријде со голема сериозност, бидејки не е решени да се вработат Египкани само со основно образование на работни позиции кои ги перцепираат како,,погодни,, за Египканите, а паралелно имате вработување на други етнички заедници на високи позиции. Време е, да се постапи фер и корекно со Египканите, бидејки, ние како етничка заедница во најмала рака сме еднакви и рамноправно со сите грагани, барем Уставот тоа ни го гарантира, а дали истиот се почитува, е тоа е друго прашање.

Веруваме во подобра иднина, бидејки, ние Египканите немаме резервна татковина, МАКЕДОНИЈА НИ Е СЕ,ПРЕД СЕ И НАД СЕ.

Со почит;

Дипл.правник Демир Далип-активист за правата и слободите на Египканите