Ја известуваме јавноста дека во измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување бр.02-767/5 од 20.05.2021 год., направена е техничка грешка односно табелата број 3 два пати е внесена во планот ( на страна број 6 и страна број 9 ). На страната број 6 табелата е исправно напишана, додека грешката е на страната број 9 каде треба да стои „Дел 3, табела 6, планирани нови вработувања“. Истото е благовремено коригирано и доставено до Советот на општина Охрид.Јавноста ја информираме за оваа техничка грешка со цел да се избегне создавање лажна слика или да се креира непотребна тензија од одредени центри за одредени потреби.
Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид останува финансиски стабилно јавно претпријатие, со редовно измирување на обврските кон вработените и добавувачите, како и претпријатие со најсигурни работни места кои нема да се укинуваат.