Група поранешни партиски и општински функционери од вмро дпмне подготвуваат своја независна листа за совет но најавуваат и “независен” кандидат за градоначачник
Дел од кадрите во некогашнотo раководство на партијата ВМРО ДПМНЕ во Охрид најавуваат независни кандидатури на листа за Совет, но за разлика од тие од СДСМ од Охрид пред се, групацијата најавува и кандидатура за независен градоначалник.
За овие функции според информациите доставени до нас се подготвуваат поранешни функционери на партијата во градот истите се подготвуваат да се појават на изборите на есен како департизирани лица претворени во независни кандидати.
Како што дознаваме, за оваа цел направиле и анкета, поточно преку еден поранешен функционер во општинската админситрација од времето кога со градот владееше ВМРО ДПМНЕ пред околу три месеци убедиле еден познат охридски произведувач на накит да нарача ( и да плати ) анкета за да си го проверел својот рејтинг ( бидејќи е познато дека произведувачот на накит одамна пројавува политички амбиции за градоначалник )но како и на секоја анкета, така и на оваа која ја платил произведувачот на накит нормално е да се стават и други лица, па така гратис рејтингот си го провериле и лицата кои калкулирале со појавување на избори претворени во независни кандидати.
Инаку тие по градот веќе започнале со агитација, и тоа што сеуште не се поајвуваат во јавноста е затоа што некој од кадрите се плашеле и сеуште калкулирале како ќе реагира СДСМ која има големо влијание врз нив.
Веќе е извесно дека на есен ќе има и дурги независни листи, со многу посериозни и поавторитетни и навистина независни луѓе но за тоа ќе пишуваме дополнително.
И додека канцеларијата на одметнатите од Сдсм од како е отворена секој ден стои затворена јавноста како најсериозен и вистински независен кандидат го гледа Стевоски Стевче !?
И додека “независните” од Вмро брзаат побрзо и тие да се појават во јавноста по примерот на т.н. независни од Сдсм кои веќе отворија канцеларија на т.н. Иницијатива Охрид пред се , канцеларијата секој ден стои затворена од денот на свеченото отварање .
Во канцеларијата нема никој , иницијаторите си бркаат приватни бизниси и се шетаат по кафичи а најголемиот дел од присутните во отварањето си седат во Дебрца каде што и си живеат .
И додека во јавноста се најавуваат лажни листи за независни кандидати , дознаваме дека Стевче Стевоски сериозно се подготвува за наредните локални избори и пред граѓаните ке настапи со осмислена сериозна и реална програма .