Трагедија ја потресе денес Македонија откако голманот на ракометниот клуб Охрид, а воедно и репрезентативец на Македонија Никола Даниловски се удавил под неразјаснети околности.
Голманот исчезнал околу девет часот после тренингот на неговиот клуб, а утринава било пронајдено неговото безживотно тело.
Трагична смрт на младиот голман кој ги помина сите младински репрезентативни категории, а во последно време се наоѓаше и на поширокиот список на македонската репрезентација и кај Брестовац и кај Лазаров.