Во Бангладеш уапсен човек кој 20 години и бегал на полицијата ,а убил 70 бенгалски тигри

Познатиот ловец „Тигар Хабиб“, односно Хабиб Талукдер, кој е осомничен за убиство на 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20-годишна потрага по него,и конечно бил фатен од полицијуата по дојава, откако по него претходно биле распишани три потерници, пренесува Би-Би-Си.

Овој ловец на животни живеел и работел во шумата Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш, каде што живее најголемата популација на бенгалски тигри во светот. Во дивината се останати само неколку илјади, бидејќи нивното крзно, коски, па дури и месо се купуваат на црните пазари ширум светот.

-Долго време беше во бегство, изјави шефот на полицијата, Саидур Рахман, за весникот „Дака трибјун“. Западните агенции известуваат дека локалното население подеднакво го почитува и стравува од него.

-Тој е опасен човек, кој може да се бори само со тигрите во шумата, изјави еден локален жител.

Офицерот Абдул Манан за „Дака трибјун“ изјави дека и полициските и шумските служби со години се обидувале да го уапсат Хабиб Талукдер.

-Тој тајно влегол во Сундарбанс и ловел диви животни и покрај тоа што одамна му беше забрането да влегува во шумата, изјави офицерот за весникот.