ОТВОРЕНО ПИСМО: ЕГИПКАНИТЕ ВО ОХРИД, ТРЕБА ДА ГО ДОБИЈАТ МЕСТОТО ПРЕДСЕДАВАЧ НА СОВЕТ

Во принцип, вторите по бројност етнички заедници, треба да го добијат местото Претседавач во Локалните Самоуправи. Во суштина се работи за европска и пред се демократска придобивка, особено во хетерогените и мултиетнички општества, како што во суштина е и современото македонско општество.Аналогно на горенаведеното, Египканите како убедливово второпо бројност етникум во Охрид, треба да им биде загарантирано ова место. Ако, се повикува во Тетово, Гостивар, Дебар, итн етнички Македонец да биде Претседавач на совет, зошто етнички Египканец да биде Претседавач на Советот на Охрид???Не смееме да имаме двојни стандарди, бидејки, во тој случај настанува ерозија на демократските начела. Во последно време , се забележани партии на одредени етникуми, на грбот на Охридските Египкани, Струшките , Ресенските Египкани, да реализираат свои нелегитимни цели, што во крајна линија нити е корекно ,а најмалку демократски. Нека, водат повеке грижа за своето членство, ке и онака не му веруваат на т.н ,,сателит партии,, заклучи, Дипл.правник Демир Далип, кој најави ПЛАТФОРМА за обединување на Египканите