КАНАЃАНЕЦ НАМЕРНО ПРЕГАЗИ МУСЛИМАНСКО СЕМЕЈСТВО СО КАМИОН И УБИ ЧЕТВОРИЦА

Четири члена на муслиманско семејство загинаа откако биле прегазени со камион на тротоар и канадската полиција соопшти дека станува збор за претходно осмислен напад.

Нападот се случи во неделата во Лондон во провинцијата Онтарио и го преживеа единствено деветгодишно момче, кое се наоѓа во болница со тешки повреди. Дваесетгодишен маж е притворен и обвинет за четири убиства и за обид за убиство.

Ова е најсмртоносниот напад врз канадските муслимани од убиството на шест луѓе во џамија во Квебек во 2017 година.

„Веруваме дека жртвите биле цел затоа што биле муслимани. Ова е злосторство од омраза“, изјавија од полицијата.

Жртвите се на возраст од 15 до 74 години и имале потекло од Пакистан. Полицијата кажа дека напаѓачот досега немал никакви обвиненија, ниту е познато дека е поврзан со десничарски групи. Тој исто така не ги познавал жртвите.